Ви ги најавуваме следните настани:
НОКАУТ
На 17-ти декември, во Универзална сала ќе се оддржи акустичен концерт на Нокаут.

Бендот ќе го одржи својот годишен концерт, кој е веќе традиционален неколку години наназад во пресрет на Новогодишните празници.

Гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, Last Expedition, Мио Д.Н.О и Тони Зен.

Билетите се веќе во продажба на билетарата на Универзална сала и продажната мрежа на МкТикетс, а концертот ќе биде со почеток во 20.00 часот.

Од 1-ви до 10-ти декември;
Блок - 400 денари;
Партер - 500 денари;
Ложи - 600 денари

Од 11-ти до 17-ти декември;
Блок - 500 денари;
Партер - 600 денари;
Ложа - 700 денари

Напомена: картите се во ограничен број!