Ви ги најавуваме следните настани:
ДЕДО МРАЗОВСКА ТРКА
                    Дедомразовската трка, Новогодишна авантура за сите

На 28 декември со почеток од 12 часот во Скопје ќе се случува Дедомразовската трка. Стартот е на плоштадот Филип II, а целта е паркот Жена Борец. Должината на патеката е 1.6 км.
Сите оние кои што сакаат да бидат дел од оваа трка се што треба да направат е да се пријават он-лајн на www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka или на инфо-пултот во паркот Жена Борец од 25 до 28 декември.

Котизација за учество е
-    300 денари за поеднци
-    6000 денари пакет  1 за компании за 4 учесници
-    10.000 денари пакет 2 за компании за 10 учесници
-    Учеството за деца под 12 години е бесплатно, но мораат да дојдат во придружба на родител и со свој костум ( дедомразовска капа задолжително и да бидат облечени во црвено )

Првите 500 пријавени ќе добијат ПОДАРОК  Дедомразовски костум. Подигнувањето на натпреварувачките броеви и костумите е на нашиот пункт во паркот Жена Борец, во делот на новогодишниот Волшебен град, од 25 до 28 декември.
Победниците ќе добијат медали и подароци. Скопје од оваа година ќе се вброи во светските метрополи што организираат Дедомразовски трки. Оваа трка е од спортско-рекреативен и забавен карактер.
Собраните средства од учесниците се наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.

Овој настан е спонзориран од  Coca Cola, под покровителство на Град Скопје, во организација на Универзална Сала, во соработка со Прв до врв.
Градот Скопје ги кани сите на масовно учество и заедничка предновогодишна забава. Покрај поединците, градот ги кани сите компании да се пријават со своите вработени и со тоа да помогнат во изградбата на активна зона во која ќе уживаат сите жители на градот.

За повеќе информации јавете се на тел.број 02/3245-615, или на маил на info@univerzalna.com.mk