Ви ги најавуваме следните настани:
БОКИ 13 Хуманитарен концерт
Боки 13 организира хуманитарен перформанс за настраданите во поплавите

Македонскиот шоумен Боки 13 на 15 февруари во конгресниот центар „Александар Македонски (Универзална сала)“ организира хуманитарен сценско-музички перформанс, чиј приход од продадените билети ќе оди за настраданите од поплавените подрачја во Македонија.
Музичко -сценскиот настан ќе се темели на стенд ап комедија составена од неколку различни сегменти од актуелните општествено-политички настани видени низ призмата на хуморот на самиот Боки 13, додека помеѓу нив публиката ќе може да ги проследи настапите на неколку македонски музички поп, рок и фолк ѕвезди: Некст тајм, Наум Петрески, Тамара Тодевска, Ламбе, Димитар и Љубојна.
Хуманитарниот музичко-сценски перформанс на Боки 13 и неговите музички гости ќе се одвива во Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) кој(а) исто така ја дава салата со целокупниот свој  техничко-сценски и кадровски потенцијал без надомест, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба по цена од 250 денари и ќе можат да се набават на билетарницата на салата, како и во „Југотон“ во ГТЦ -1 кат во Скопје.