Ви ги најавуваме следните настани:
ЗЛАТНА БУБАМАРА 2015
Македонската публика на 19 февруари со почеток во 20 часот ќе има можност да ужива во најновото издание на музичко-забавната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“ која годинава го прославува своето полнолетство.

Манифестацијата која на едно место ги собира и ги наградува познатите имиња од естрадата, јавниот живот, шоубизнисот, спортот годинава своето 18 -издание ќе го одржи под мотото „Смеете да се смеете“, а препораките врзани за ова издание се: „насмевка и здрава храна, следете не и не мрсете многу“.

Златна Бубамара ветува смеење до солзи.