Ви ги најавуваме следните настани:
ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД
„ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД“

СЕДМА РЕПРИЗА (21.02.2015, почеток 21:00ч.)
Конгресен Центар Александар Македонски (мала сала) „Театар 007“


ЗА ПРЕТСТАВАТА:

Совршената фасада и надворешна доминантност, не секогаш значи дека во внатрешноста владее мир, спокојство и среќа. И елитата е дел од обичната секојдневна човечка пракса на живеење, во која не секогаш е „розово“, па често пати и тие стануваат дисфункционални во социолошкото битисување.
Едночинката „Централ парк-Запад“, е конкретена и реална психолошка дисекција на меѓучовечките односи во современото живеење. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“ и на театарската сцена се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаен“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми.
„Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања.
„Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор.
од Вуди Ален
Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Костимограф: Маре Трајковска
Сценограф: Маре Трајковска
Видео: Панче Пренџов
Фотографија: Иван Алушевски

Играат:

Ирена Илиевска-Филис Ригс
Ангела Наумоска-Керол
Марко Богдановски-Хауард
Јеткин Сезаир-Сем Ригс
Елизабета Клинчаревска-Младеновска - Џулиет


БИЛЕТИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!
Цена на билет: 200 денари.