Ви ги најавуваме следните настани:
Тумбао Салса Бенд
Македонскиот состав „Тумбао Салса Бенд“, кој негува латино музика, својот 10-годишен јубилеј ќе го одбележи со концерти на 4 и 5 март во Конгресниот Центар А.Македонски (Универзална сала) во Скопје.

Тумбао Салса Бенд оваа година ќе се претстават со нивниот веќе познат репертоар со кој настапуваат на клубската сцена во Македонија и со нумерите од албумот „Бела Салсита“.

Специјални гости на концертите ќе бидат пријателите на бендот од групата „Азафран Микс“ од Куба, која има настапувано во Македонија.

Во универзална ќе зазвучи кубанска музика, а атмосферата ќе биде надополнета со палми, песок и море. Повелете!

Цена на билет 350 денари на билетарата на Конгресниот Центар А.Македонски (Универзална сала).