Ви ги најавуваме следните настани:
ВРЕМЕ А ДА СЕ РАЗБУДИШ
За прв пат во Македонија и во светски размери ќе се организира тематски стенд ап спектакл на тема корупција. Со помош на Транспаренси Интернешнл и Транспаренси Интернешнл Македонија дојдовме на генијална идеја против корупцијата да се бориме со нејзино исмевање.
Кој дава, а кој го прима (митото) во Македонија?!
Кој е професор Ташњаревиќ?!
Кој е судијата кој ништо не гледа, а не носи очила?!
Зошто не постои доктор без џип, ни сестра без миниќ?
Како се дава мито во натура, а како со фискултура?!
Зошто се добива помалку робија ако убиеш, отколку ако обијеш?!
Ако се препознаете Ваш проблем, ако ве препознаеме, Наш проблем!

Ќе се смееме на темите:ЗДРАВСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ, СУДСТВО И ЧОВЕКОВИ ПРАВА, но и на корупцијата насекаде околу нас, на корупцијата во царина, полиција,градежништво. Нашата стенд ап репрезентација во состав Весна Бејби Петрушевска, Сашо Тасевски, Никола Тодороски, Бојан Велевски и Ефтим Трајчов Ѓаурски ќе настапи со потполно нов оригинален материјал. Малко изненадување:За оваа претстава важат и картите купени за минатата претстава. Побрзајте, да ја затвориме сезоната со неверојатно смеење!