Ви ги најавуваме следните настани:
Иван Босиљчиќ
     
Популарниот српски актер, шоумен, музичар, поет и мултимедијален уметник Иван Босиљчиќ, на барање на неговите обожавател(к)и повторно во Македонија ќе одржи концерт во Конгресниот центар „Александар македонски (Универзалната сала – Скопје)“. Концертот ќе се одржи на 7ми март 2015 година во 20:30 часот.

Насловот на концерот ќе биде „Неколку стихови за нас“ („Пар стихова за нас“), исполнет со романтика, романтична музика, многу ведрина и позитивни вибрации, она што е и главен белег на овој обожаван српски шармер.

„Минатата година во преполната Универзалната сала се случи едно големо осмомартовско концертно уживање, годинава ќе биде повторена минатогодишната средба, со зголемен број музичари на сцена и секако со брилијантниот Иван, во главна улога“ – најавува Влатко Плевнеш, од организаторската продукција „Сил- Вла“.

Цена на билет 900 и 1000 денари на билетарата на Конгресниот Центар А.Македонски (Универзална сала).