Ви ги најавуваме следните настани:
Збогатување на настапот Скопските улични музичари со рок свирки
Лабаво Лавабо и Marlon Brando се бендовите кои ќе не забавуваат овој викенд (12-13.06.2015) на Плоштад Македонија.
Tрадиционалениот настан  „Скоски улични музичари“ во организација на Конгресниот центар А.Македонски (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје,  и оваа година продолжува со настап на  рок бендови во летниот период.
Бендовите ќе настапуваат секој петок  и  сабота од 20:00 часот на плоштад Македонија се до крајот на месец септември.
Повелете на опуштена забава на отворено.


Tрадиционалениот настан  „Скоски улични музичари“ во организација на Конгресниот центар А.Македонски (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје,  и оваа година продолжува со настап на  рок бендови.

Бендовите ќе настапуваат секој петок  и  сабота од 20:00 часот на плоштад Македонија се до крајот на месец септември.

Целта на Градот Скопје и Конгресниот центар „А.Македонски“ е да се разбие летната викенд монотонија на градот , да понуди едно богато музичко освежување на своите граѓани и забава под отворено небо за сите генерации.

Овој петок (22 мај) летните рок свирки ќе ги отвори  бендот добро познатите Марлон Брандо на Плоштадот Македонија со почеток од 20.00 часот, додека во сабота (23 мај) ќе настапи 5 члениот состав Онија Блузерине.

Застанувајќи зад овој проект,Градот Скопје и оваа година покажа и докажа дека го поттикнува урбаното и културното живеење, подржувајќи ги докажаните вредности и афирмирајќи ги младите кои допрва треба да остават свој печат.