Ви ги најавуваме следните настани:
Анушка Шанкар
Анушка Шанкар е денес една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештвовлече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школува од својата девета година. Како композитор таа ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови како: фламенко, електроника, џез и класична музика. Два пати номинирана за престижната награда Греми, Анушка Шанкар беше најмладиот музичар и првата жена во историјата на Греми, номинирана во категоријата World Music, за нејзиниот албум “Live at Carnegie Hall” (2002), а подоцна и првиот музичар  од Индија што бележи настап на  доделувањето на Греми наградите (2006), кога беше номинирана за албумот “Rise”. Во 2011-та година познатата германска етикета Deutsche Grammophon го издаде нејзиното шесто ЦД-издание “Traveller”,  што и ја донесе титулата Најдобар музичар од страна на магазинот Songlines, како и номинацијата за наградата  Греми во категоријата Најдобар world music албум. Трагајќи по корените на фламенко музиката во традицијата на индиските Раџистани Роми, во создавањето на “Traveller” учествуваат индиски и гламенко музичари.