Ви ги најавуваме следните настани:
СКОПСКО ЛЕТО 2015 - ПЕРФОРМАНС НА ТАНЦУВАЧКА ГРУПА АГЛАЈА
Танцувачкиот театар „Аглаја“ создава место каде младите луѓе имаат простор да ги развиваат своите уметнички таленти, да го развијат својот капацитет и да ја вкусат радоста на танцувањето. Оваа аматерска уметничка формација претставува многу специфична уметничка форма – веројатно единствена во светот – целовечерна програма со фрагменти од музика од најпознатите класични композиции. Педесет момчиња и девојки, студенти, го искажуваат и покажуваат музичкото доживување преку танц со знамиња и платна. Со ентузијазам и дисциплина, танцувачката група ја покажува човековата рамнотежа помеѓу главата, рацете и срцето. „Аглаја“ танцуваат со порака за радост вреднувајќи ги идеалите за подигање на човештвото, и покрај современиот материјализам и растечката апатија.
Танчерите на „Аглаја“ не сакаат да ги задржат само за себе естетските вредности кои ги доживуваат како дел од овој танцувачки театар. Со секој свој гест ќе стигнат до вас и ќе направат вашите соништа да бидат поинакви од она што биле. Нивните креации се разбирливи за оние кои уживаат во животот, радост се за очите и задоволство за душата. Ритамот, динамиката и движењето се нивните изразни средства, кои може да се доживеат само во живо ...

Дирекција за култура и уметност – Скопје
Directorate of Culture and Arts - Skopje
бул. „ Св. Климент Охридски“ б.б. п.фах 519
тел/факс: 3222 341, 3165 064
e–mail: skleto@unet.com.mk www.dku.org.mk