Ви ги најавуваме следните настани:
СКОПСКО ЛЕТО 2015 - „Quartiere Villanova“
Концерт на фолклорниот ансамбл
„Quartiere Villanova“
Каљари, Италија

Фолклорниот ансамбл ”Quartiere Villanova”, од Каљари, Италија го носи името на еден од најстарите градски маала, последниот градски кварт во кој до денес е зачувана најавтентично традицијата. Оформен е во 1976 година на иницијатива на група млади луѓе, обединети не само од генеричката страст за фолклорот, туку и од големата волја да го оживеат споменот за минатите времиња и да дознаат што повеќе за најдлабоките корени на традицијата во Каљари.

Фолклорниот ансамбл поставува на сцена голем број на богати костими, односно автентични народни носии кои потекнуваат од 1700 и 1800 година од градот Каљари. Изведуваат само традиционален фолклорен репертоар на најстарите танци на островот, придружувани од архаичниот звук на лаунедас (дрвен дувачки инструмент од Сардинија)  и дијатонска хармоника.

Убавината на костимите во комбинација со движењата и танцувањето, ги квалификувааат како многу еминентен ансамбл, кој е достоен репрезент на својата изворна традиција.Токму поради овие атрибути, ”Quartiere Villanova” се членови на „I.O.F.A. (International Organization of Folk Arts)“ и на „F.I.T.P. (Federazione Italiana Tradizioni Popolari)“, кои се пак под покровителство на УНЕСКО.

Тие често настапуваат на најпрестижните фолклорни фестивали во Сардинија и во регионот, но и на голем број интернационални фестивали.

 

Дирекција за култура и уметност – Скопје
Directorate of Culture and Arts - Skopje
бул. „ Св. Климент Охридски“ б.б. п.фах 519
тел/факс: 3222 341, 3165 064
e–mail: skleto@unet.com.mk www.dku.org.mk