Ви ги најавуваме следните настани:
ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД
Праизведбата на текстот „ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД“ од Вуди Ален, на сцената на „Театар 007“ се случи 10 декември, 2014 година. Вистинско театарско освежување, за кое навистина се бара билет повеќе. „Театар 007“ новата сезона 205/2016 ја започнува токму со оваа хит претстава. Терминот за изведбата на претставата: 08 ноември, 2015 (недела), со почеток од 21 часот. „Мала сцена“, Конгресен Центар „Александар Македонски“ (Универзална сала)

БИЛЕТИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ.

„ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД“
Автор: Вуди Ален
Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Сценографија: Маре Трајковска
Костимографија: Маре Трајковска
Инспициент: Љубиша Бојовиќ

ИГРААТ:
Ирена Илиевска-Филис Ригс
Јеткин Сезаир-Сем Ригс
Ангела Наумоска-Керол
Марко Богдановски-Хауард
Елизабета Клинчаревска-Младеновска-Џулиет


ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Совршената фасада и надворешна доминантност, не секогаш значи дека во внатрешноста владее мир, спокојство и среќа. И елитата е дел од обичната секојдневна човечка пракса на живеење, во која не секогаш е „розово“, па често пати и тие стануваат дисфункционални во социолошкото битисување.
Едночинката „Централ парк-Запад“, е конкретена и реална психолошка дисекција на меѓучовечките односи во современото живеење. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“ и на театарската сцена се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаен“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми.
„Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања.
„Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор.

   

БИЛЕТИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!
Цена на билет: 200 денари.

БИЛЕТИ ЗА ПРЕТСТАВАТА МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ НА КАСАТА НА КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ (УНИВЕРЗАЛНА САЛА СКОПЈЕ) Секој работен ден од 12:00-20:00ч.

За резервација на билети:
-Може on line да резервирате преку нашата веб страна www.theatre007.mk во делот БИЛЕТИ,
-Испратете е-маил на theatre007@gmail.com, најдоцна еден ден пред одржувањето на претставата
-Исто така билети можете да резервирате и на: 02/3245 – 615 или на 078-883-807.

www.theatre007.mk