Ви ги најавуваме следните настани:
МАРС 2015
Годинава по осми пат се одржува "МАКЕДОНСКИОТ РАДИСКИ ФЕСТИВАЛ", избор за радиски хит на годината наречен "Македонска Радио Селекција" или скратено "МАРС". Одржувањето на годинешново издание е предвидено за 24 Ноември 2015 год. во ,,Македонска Опера и Балет " а како продуцент и организатор се јавува ЈУ КЦ Александар Македонски - Скопје" како на овој, така и на сите досегашни изданија на радискиот фестивал.
 


Финалната вечер на "Македонскиот радиски фестивал - МАРС 2015" на која ќе бидат избрани најслушаните македонски хитови во 2015 год. испеани од најпопуларните македонски ѕвезди, и овој пат ќе биде директно емитувана на првиот програмски сервис - МРТВ 1.

Ревијалниот дел на фестивалот и годанава ќе го збогатат настапите на две големи музички ѕвезди од бившите ЈУ простори: Хари Варешановиќ - Хари Мата Хари и српската поп дива Јелена Томашевиќ како што впрочем тоа изминативе години беа: Бојан Маровиќ,Нина Бадриќ, Дадо Топиќ, Саша Ковачевиќ, Ана Виленица, Бојана Грегориќ, Жељко Васиќ, Жељко Самарџиќ, Ален Исламовиќ, Анабела, Аки Рахимовски, дуото Фламингоси, Владо Георгиев, Јелена Розга...!