Ви ги најавуваме следните настани:
Пакомак - Изложба
Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.
Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

На 14ти и 15ти декември, во Конгресниот центар Александар македонски (Универзална сала), учесниците ја продолжија приказната на Пакомак и ги пријавија своите креации во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Сите дела провејуваа со досетливост, креативност и вештина во изработката, па стручното жири имаше тешка задача од сите пријавени да ги одбере најдобрите.
Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко.

 

Во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци" од Скопје.

Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски" од Демир Капија.
Повеќе информации во врска со резултатите од конкурот и наградените поединци, училишта и градинки можете да најдете на веб страната: www.pakomak.com.mk