Ви ги најавуваме следните настани:
Виз Ер Скопскиот Маратон 2016

Се одржа 12-то издание на најпознатата и најмасовна спортска манифестација во нашиот град - Виз Ер Скопскиот Маратон 2016. Како главен организатор на Маратонот е „Сојузот на спортови на Скопје". Маратонот како и секоја година, така и оваа е под покровителство на Град Скопје и Делегација на Европската Унија на нашата земја. На овогодинешната маратонска трка учество земаа повеќе од 7.000 маратонци, полумаратонци и рекреативци од 46 земји. Во неделата, на 08.мај, маратонците истрчаа низ улиците на нашиот Главен град, исполнувајќи маратонска патекаа во должина од 42.195 метри.

ЈУ Конгресен Центар „Александар Македонски"
се приклучи во поддршката на учесниците на овогодинешниот ВизЕр Скопскиот Маратонот. Конгресен Центар „Александар Македонски" организира улични музичари на 7 локации низ улиците на Главниот град непосредно лоцирани до маратонската патека, со цел поддршка на маратонците во нивната цврста мотивација и желба да стигнат до целта.

Кенискиот маратонец Кипротич Кируи победи на овогодинешното издание на Виз Ер Скопскиот
Маратон 2016 и постави рекорд на патека, со време од 2:12:36 часа. Тој зад себе ги остави своите сонародници Ричард Бет и Едвин Кирва, кои го освоија второто и третото место. Меѓу маратонките најбрза беше Гледис Бивот од Кенија. а на второто и на третото место во женска конкуренција се пласираа Шевај Дебелу од Етиопија и Фабиола Вилијам од Танзанија.

Пехарите и признанијата на најдобрите маратонци на 12-то издание на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016 им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Повеќе....(фото галерија)