Ви ги најавуваме следните настани:
Фестивалот на креативни индустрии-Скопје креатива 2016

ПРОГРАМА »
 
 

 

Hub me with creativity

Поврзи ме со креативност


Отварање: на 9ти јуни 2016 (Четврток), во 20:00 часот, Плаја Виста, Скопје

Градоначлник на Град Скопје

Коце Трајановски

Почитувани сограѓани,

 

Чест ми е и задоволство што ви се обраќам по повод одржувањето на уште едно издание на Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива", којшто е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски", а ќе се одржи од 9 до 11 јуни 2016 год., во Спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста". Градот Скопје во својата програмска определба во последните 5 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување креативните индустрии, меѓу кои, секако, големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива". Програмата на Град Скопје за развој на креативните индустрии опфаќа активности чијашто цел е да се поттикнат индивидуалната креативност, вештина и талент, а чиишто потенцијали и производи може да создадат економска придобивка и да отворат нови работни места развивајќи ја притоа и кретивната економија, како нов сегмент и во бизнис секторот и во културата. Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град, Градот Скопје во соработка со претставниците на креативната и уметничката заедница ќе продолжи да ја остварува целта што беше потцртана, а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор.

 

ЈУ Конгресен центарАлександар Македонски"

Директор, Вера Бошковска

Почитувани,

 

ЈУ Конгресен центар„Александар Македонски"и оваа година, под покровителство на Град Скопје, продолжува со организација на Фестивалот на креативни индустрии - „Скопје креатива", кој ќе се одржи од 9 до 11 јуни 2016 год., во СРЦ „Плаја Виста", Скопје. Скопје креатива е проект кој претставува уникатен настан кој 5 години влијае позитивно врз развојот на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава, регионот и пошироко од Европа, но исто така ја обединува и бизнис заедницата. Под мотото „Поврзиме со креативноста" во наредните фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски проекции и видео перформанси, изложби, презентации, стручни работилници ... Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива" и во 2016 година нуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство. По тој повод ве покануваме на нашиот Фестивал на креативни индустрии - „Скопје креатива" 2016.

 

Тања Балаќ,

Раководител на сектор за јавни дејности, Град Скопје


Денес, кога живееме во време на брз технолошки развој, голем број европски градови, но и градови од другите континенти се развиваат под мотото „креативни градови". На тој начин брендирајќи се во меѓународниот простор, тие воедно и ја нагласуваат важноста и значењето на креативноста и инвентивноста како важен сегмент во нивниот општ и економски развој.
Со еден збор, креативноста е таа движечка сила на модерната економија која сè повеќе се одразува во концептот на таканаречената „креативна економија".
Свеста за важноста на креативната економија беше основниот мотив во 2012 година да го иницираме проектот „Скопје креатива" и да им овозможиме на бројните креативни фирми и поединци да ги претстават своите производи и услуги.
Всушност, токму креативноста и инвентивноста ја создаваат онаа „додадена вредност" на производите и услугите која е од големо значење во време кога сме сè повеќе изложени на огромната глобална економска конкуренција.
И затоа е исклучително важно да ги поддржиме младите креативци бидејќи иднината е на страната на оние градови кои ќе знаат да ги препознаат и искористат креативните потенцијали на своите талентирани сограѓани, кои, пак, истовремено ја претставуваат онаа културна и економска сила толку неопходна за иднината на секој град.

 

Текот на Фестивалот,
На денот на отварањето на Фестивалот, на бината се претставија Инфо млади и креативни, млади средношколци кои под менторство на својот Професор, Небојша Јовановиќ-филмски режисер, изработија кратко видео насловено „Недела", кое беше прикажано на големото платно. Свое излагање имаа и учениците од СУГС „Лазар Танев", претставувајќи ѓи своите кулинарски специјалитети, како и учениците од проектите мода и дизајн и макети. Посебно внимание за посетителите предизвика изложбата на студентите од Архитектонски Факултет (УКИМ) кои изработија вистинско ремек дело на Пикасо користејќи само картон, но и Факултетот за Арт и дизајн при Европски Универзитет. Изложби имаа Гостите од Грција со проектот „Агро дизајн", како и Гостите од Косово (Гезим, Арбер и Елиза Хоџа). Свое излагање зедоа и 33 поп-ап продавнци изложувајќи ги за прв пат своите уникатни предмети пред присутните. За загревање на просторот беа задолжени Групите ТИ и Фулишгрин кои ги размрдаа присутните на главната бина.
Линк со фотографии


Вториот фестивалски ден вклучуваше програма богата со креативни содржини, различни по својата природа, интерес и публика. Долго најавуваните звучни имиња и гости од страна, настапија изминатиот ден на Фестивалот Скопје Kреатива 2016. Утрото Фестивалот го отвори Ренета Георгиева (Бугарија) со својата презентација: Капана; Веднаш по неа следуваше Кристијан Бенич од Хрватска кој говореше за корисноста, бенефитот и примената на електронското издаваштво. Слободан Живковски имаше своја изложба за дизајн концепт на своите рачно работени и уникатни столчиња. Точно на пладне швеѓанецеот Малмвал го одржа своето Мастер клас предавање. Особен интерес за публиката предизвика ова предавање на кое имше доста прашања, дискусии и разговори, а присутни беа и неколку медиумскки подржувачи. Во попладневните часови една извонредна презентација имаа гостите од Грција од Аристотел Универзитет, насловена „Агро дизајн", кои на така префинет начин покажаа како од Агрокултурата и креативноста може да се создаде призвод кој ја одржува природата во подолги рамки, да биде практичен и фунционален и секако во стилски изглед. Веднаш по нив следуваше словенецот Игор Трупина, кој говореше за тоа како заедничката и тимска работа ја поттикнува креативнстаа. Вечерната програма беше збогатена со видео проекција на Христина Младеновска, Универзумот на жената, со фасцинантна светлечка поддршка, како и видео и мултимедијалното представување на Ахитектонски факултет. За музиката беше задолжен ДиЏеј Адо.
Линк со фотографии


Последниот и највозбудлив ден на Скопје Креатива донесе уште по величествени гости и незаборавни моменти. Утрото во 10 часот Фестивалот го отворија работилниците за деца, а веднаш потоа со свои работилници продолжија гостите од страна, најпрво Ана Лишч од Полска, Хајдулф Гернгрос од Австрија, но свои презентации имаа и нашите истакнати, Вера Христова со Македонски орнаменти, Урбанолд, а во попладневните часови и Неотел представувајќи го својот нов производ НеоТВ. Модулар оджа своја презентација за крај, кои во соработка со Фондот за Иновации привлекоа доста заинтересирани учесници, дизајнери, уметници и производители, кои покажаа особена тенденција и интерес за вклучување во платформата на Модулар. Ова беше и втора панел дискусија која оваа креативна заедница ја организира кај нас. Покрај презентациите, на програмата имаше и интересни работилници, меѓу кои беше работилницата за текстил, на Викторија Новак од Полска, Кроудфандинг на Лука Пишкорич од Словенија, Работилница за брендирање на Меккен и Работилница на Њу Менс Бизнис Акселератор. Вечерните часови се секогаш со особен интерес на Фестивалот. Вечерта ја отворија Архитектонси факултет со неколку свои кратки филмови изготвени од студентите, Христина Младеновска имаше свое видео перформанс на платно, Создавање на универзумот, а по нив за забавата се погрижи ДиЏеј Шурбе.
Линк со фотографии