Ви ги најавуваме следните настани:
Концерт на ансамбл „Македонија“

„Ансамблот Македонија" репрезент на традиционалната македонска песна и оро, кој работи со најдобрите студенти од Одделот за етнокореологија при Факултет за музичка уметност од Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип и со ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" од насоката за традиционална музика и игра - Скопје, во рамките на програмата на Скопско лето ќе одржи концерт вечерва со почеток во 21 часот на Плоштадот „Карпошово востание".
 

 

 

Од богатиот репертоар на овој Ансамбл кој ги опфаќа и обработува сите играорни подрачја на Македонија, југозападно, јужно, источно и северно играорно подрачје, публиката вечерва ќе има прилика да ужива во дел од нивниот опус. Програмата која е предвидена за вечерва:
-Остана постана (Ора и песни при изведба на жетва, од пределот Скопска Блатија)
-Кучково пее(традиционални песни од пределот Скопски Дервен)
-Лазарици (обредни женски поворки од пределот Славиште)
-Мелница (традиционални песни од село Мелница - Азот) ШТИПСКИ КРСТАЧ (машко оро од пределот Овче Поле)
-Огражден (ороводни песни од пределот Огражден)
-Шупелково (инструментална изведба од пределот Которија)
-Ајде зајди, зајди (ора и песни од пределот Овче Поле)
-Ораовички собир (ора и песни од Радовишко Поле и Радовишки Шоплук

 
 
Скопско лето, е манифестација која под 37 пат се одржува во гланиот град во организација на Дирекција за култура и уметност, под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура. ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски"-Скопје, оваа година се јавува како организациски помагател на оваа манифестација.