Ви ги најавуваме следните настани:
Рок свирка на плоштад „Македонија“- петок, 08 јули

Проектот Улични музичари и артисти во текот на предстојните летни денови, предвидува многу забава, дружење, музика, свирки, култура и уметност. Програмата е предвидено да се реализира на централното градско подрачје и на централните плоштади во Градот Скопје. Во рамките на овој проектот, на плоштад „Македонија", за петок, 08 јули (20часот) е закажана рок свирка со бендот Чил Плеј.

 

 

 

Чил Плеј [Chill Play] е македонски бенд формиран во Скопје составен од гитаристот Даниел Шилев и пеjачката Мила Миливоевиќ, кои се членови од составувањето на бендот во 2013 година, но имаат и проширен состав со уште една гитара, бас и тапани. Како кавер бенд тие се активни веќе 3 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на фестивали низ државата. Досега имаат издадено една авторка песна "I'm in love" со која ги освоија сите телевизиски и радиски топ листи ширум земјата. Овoј бенд моментално работи на неколку авторски песни за кои е планирано да бидат издадени во поскоро време. Репертоарот на овој млад бенд е составен од стари и нови хитови од различни жанрови како хип хоп, драм ен бејс, даб степ, кои се преработени во нивана поп - рок верзија.

 

 
  Бендот Чил Плеј има учествувано на многубројни фестивали:
• Фестивал на Скопски Улични Музичари 2014, Плоштад Македонија, Скопје
• Акустик Сквер Мујзик Фестивал 2014, Универзална Сала, Скопје
• Скопски Маратон 2014, Парк Жена Борец
• Фудбалодром 2014
• Волшебна Нова 2015, Парк Жена Борец
• Фестивал на Скопски Улични Музичари 2015, Плоштад Македонија, Скопје
• ONE DAY Fest 2015, Скопско Кале
• Баскерфест 2015, Плоштад Филип II, Скопје
• Ракометарска Академија "Андреа Лекиќ" 2015 (Ден на ракометот), Плоштад - Охрид
• Златни денови 2015, Кратово
• ВиноСкоп 2015, Спортски Центар Борис Трајковски, Скопје
• Божиќен маркет 2015/2016, Плоштад Македонија, Скопје Проектот „Улични и музичари и артисти" се реализира во организација на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски"- Скопје, а покровител е Градот Скопје.