Ви ги најавуваме следните настани:
Викенд свирка со - Shvaleri

За сабота, 30 јули  е закажана свирка со бендот - Shvaleri -
 

 
"Shvaleri" се бенд кој постои и настапува веќе шест години, и е добро познат на публиката со своите редовни настапи низ скопските куфулиња и дискотеки. Членовите на бендот имаат настапувано и на неколку скопски фестивали како Мак Фест, Демо Фест, Скопски Фестивал и други. Бендот го сочинуваат: Драги Филиповски (вокал), Димитар Стефановски (соло гитара), Даниел Шилев (ритам гитара), Јордан Георгиевски (бас гитара) и Кристијан Лафазановски (тапани).