Ви ги најавуваме следните настани:
Крајна цел на велосипетското дефиле е Градски парк со „Метаверсус“

Крајна цел на велосипетското дефиле е Градски парк со „Метаверсус“
Во рамките на „Европската недела на мобилност“, Проект кој оваа недела се случува во Скопје, за утре (четврток) е закажано Велосипедското дефиле кое се одвива низ улиците на нашиот Главен Град. Дефилето започнува во 11 часот од Портата Македонија, се вози на неколку булевари низ Скопје, а крајната цел е Градски парк на Школка каде и ќе бидат прогласени учесниците и доделени наградите.
 Во рамки на свеченото прогласување на победниците, на Школка ќе се одржи музички хепенинг со почеток во 11:30 часот со дел од учесниците од Проектот „Скопски летен ритам“, Групата Метаверсус. Тие се женски бенд трио кое постои кај нас веќе три години. Бендот го сочинуваат трите млади, убави и талентирани девојки, Маја Колеска (вокал и гитара), Теодора Илиевска (Синтисајзер и помошен вокал) и Марија Узуновска (гитара и бас). Музиката која ја изведуваат се движи во границите на поп рок музиката, почнувајќи од светски изведувачи како Абба, Queen, Red hot chili peppers, Натали Имбруглиа, Cranberries до бендови од нашите простори како Архангел, ЕКВ но ѝ наши изведувачи како, Каролина, Калиопи и други.
  
 
Проектот „Европска недела на мобилност“ е во организација на Обука за одржлив развој, а утрешниот музички хепенинг во Градски парк се реализира со поддршка на ЈУ Конгресен центар „Александра Македонски“ – Скопје.