Ви ги најавуваме следните настани:
Eye Cue

 

Скопски летен ритам продолжува со уште пожешка сцена во последните денови од летото. Овој викенд особена ни е гордост да ги најавиме „Eye Cue“
Тие се Македонски поп/рок бенд кои изведуваат свој авторски материјал од 2007 година. Видеото за нивниот прв сингл „Магија“ се создаде во Мај 2008 година, што веднаш потоа бележи значителен успех. Кратко потоа го издадоа својот втор синг “Superstar Wannabe”, како и беше наименуван нивниот прв деби албум. Одличен успех остварија со емитувањето на својот четврти сингл “Not this time” на МТВ адриа во Март, 2010 година. Песната веднаш постигна големи успеси и стана популарен хит низ Балканот.
Често се редовни на Фестивалите низ Македонија, како "Taksirat", "Exit", "Schengen Fest", "Streets Fest", "Vevchani", "Pivolend", "Ohrid Beach fest", "Alarm".
Во годините што следуваат, бендот успева да ниже успеси и доста нови песни и хитови познати на публиката. „Иста патека“, песна издадена 2012, станува број 1 сингл таа година кај нас, а го достигнува и високото 11то место на годишната музичка топ листа на МТВ Адриа. Подоцна следуваат и хитовите „Сон“ и „Боби баш ми е гајле“.
Бендот е во состав од тројца прекрасни дечки, Бојан Трајковски (вокал и гитара), Иво Митровски (тапани) и Марија Ивановска (вокал).
Скопски летен ритам е подржан од Градот Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“- Скопје.