Ви ги најавуваме следните настани:
Училиште за театар „Од игра до представа“

Училиште за театар „Од игра до представа“
Уписи за 2016/2017
 
 

Училиштето за театар „Од игра до представа“ распишува нов конкурс за упис на нови ученици за 2016/2017 за сите оние кои што сакаат да станат актери, режисери, писатели, пантомимичари, акробати и водители.

Наставата се одвива два пати седмично од по 90 минути во просториите на ЈУ Конгресен центар „Александар Македоснки“ – Скопје, во соодветни групи согласно годишната возраст:
-    Прва група: за ученици од 1-4 одделение
-    Втора група: за ученици од 5-9 одделение
-    Трета група: за ученици од 1-4 година средно образование и повозрасни.
*Минимална возраст за упис на ученици е 5 години;
Предавањата се одвиваат под менторство на м-р Игор Ивковиќ, театарски режисер, Дарко Вељиќ, дипломиран актер и пантомимичар, Ирена Илиевска, дипломиран актер.

Училиштето за театар „Од игра до претстава" е формирано во 2012 година и активно работи на новата реновирана „Мала сцена" во рамките на Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски". Во моментов училиштето брои над сто ученици. „Во Уличиштето ја потикнуваме самодовербата, вештините за работа во група, ја јакнеме имагинацијата, учиме како правилно се говори, создаваме креативни приказни, имитации, импровизации и правиме представи“ – истакнуваат од „Од игра до представа“.

Станувајќи дел од Училиштето за театар, се стекнувате со:
-Едукација за актерска игра, режија, креативно пишување итн.
-Бесплатна посета на театарски претстави и други настани од уметноста (периодично)
-Работа на часови со познати актери и режисери од Македонија, како гости предавачи
-Бесплатни надгледни средства
-Работа на претстава пред публика (крај од учебната година)
-Учество на домашни и меѓународни фестивали
-Соработка со професионални кастинг агенции и студија за надсинхронизација

 

Уписот на нови ученици трае до 30 Септември Доколку сакате да се запишете во училиштето за театар
„Од игра до претстава“ се што треба да сторите е да го пополните овој формулар за упис.
Повеќе информации за училиштето и уписите можете да најдете на веб страницата на училиштето или директно да контaктирате преку ucilistezateatar@gmail.com  или на телефон 070/991-961.