Ви ги најавуваме следните настани:
Скопски летен ритам

Реализација на Проект „Скопски Летен ритам“
 
Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика преку квалитетна културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.
Програмата е разновидна и богата и е наменета за граѓаните и туристите, кои што во летниов период ќе престојуваат во нашиот град.

Се очекува во рамките на овој проект да се одржат над 40 настани на кој ќе настапат околу 100 учесници. Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, и ќе траат до крајот на месец септемви, а доколку се поволни временските услови настапите може да траат и во месец октомври. На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вечер, со почеток од 20:00 часот ќе се одржат од 6 до 7 настани, истите во соработка со изведувачи солисти или музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика.

На централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Филип Втори, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица.
На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика.

На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади,
на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика,
а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации.