Ви ги најавуваме следните настани:
Последните летни денови во ритамот на „Скопски летен ритам“

 
За крајот на летотот во рамките на Проектот „Скопски летен ритам“ е предвидена богато културно-музичка содржина со голем број учесници и настани на централните Градски Плоштади за деновите до викендот. Програмата за оваа недела содржи,

Четврток (22.Септември) на Плоштад Македонија 20:00 часот ќе настапат „Нешо ау-бау",млад кавер бенд од Скопје кои свират претежно рок кавери од 70тите па се до современи рок нумери. Бендот го сочинуваат: Бранк Велески (соло гитара), Зорица Георгиева (вокал и ритам гитара), Марко Трендафиловски (перкусии) и Дарко Поповски (бас гитара). На Плоштадот ВМРО, свој настап ќе одржат „Стенд бај“добро познати на македонската публика, кои свират во главно поп/рок ритам, старо добро познати класици, како и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за бендот, енергична и забавна музика. Бендот има доста настапувано низ скопските кафулиња, од каде е добро познат на публиката. Бендот го сочинуваат: Џајо, Илија Трајковски (басгитара), Дејан Которчевиќ (тапани) и Моника Ставревска (вокал).

За Петок, Програмата е најразновидна , наменета за пошироката публика со разнолика понуда на детска програма, културна програма, класична музика, но застапена е поп и рок музика. На Плоштадот ВМРО, утрото во 10 часот е предвидена Претставата „Од зрно до леб - авантурите на Брашко “, која е наменета за деца од претшколската возраст. Мјузикл претстава од 30мин. во која Брашко на еден интересен начин преку претстава ги едуцира и учи најмалите како зрното брашно прераснува во прекрасен леб. Веднаш по нив ќе настапат Детскиот културен центар „Карпош“ со својата фолклорна секција, а ќе се претстават со сплет на ора од Македонија.
За вечерта е предвидена програма за најмладите. Во 18:30 часот ќе настапи ансамблот Вапцарови од Скопје, а нешто подоцна во 18:30 часот ќе се претстават бендот Плејд Плуто, познати на публиката по своите рок свирки. Во 20:30 часот е предвиден настап на групата “Eye Cue”. Тие се Македонски поп/рок бенд кои изведуваат свој авторски материјал од 2007 година а се често присутни на Фестивалите низ Македонија. Бендот зад себе има свој деби албум, но и доста хитови добро познати на публиката, меѓу кои, Магија, Superstar Wannabe, Иста патека, Сон, Боби баш ми е гајле и многу други. Бендот е во состав од тројца прекрасни изведувачи, Бојан Трајковски (вокал и гитара), Иво Митровски (тапани) и Марија Ивановска (вокал).
На Плоштадот Мајка Тереза, пак, е предвидена поинаква програма со класична музика. Во 19:30 часот ќе настапат Дуото Митев и Јованов, а по нив во 21 часот е предвиден настап на Дуо Долче, кои ќе изведат класични преработки од евергрини, поп и рок во инструментална верзија. Дуо Долче го сочинуваат, Олгица Здравковска (виолина) и Наско Џорлев (гитара).

Во Сабота, програмата предвидува, рок свирка на Плоштад Македонија во 20 часот со Мила и Чил Плеј, добро познати на публиката со своите редовни настапи како и нивната прва нумера „I am in love“. На Плоштадот Богородица ќе настапи Ансамбл Вапцаров, во 20 часот. Особено освежување во Програмата е учеството на Театар Комедија со Претставата „Стујардеси“, кои ќе настапат на Плоштад Мајка Тереза 20 часот. Целото дејство се одвива околу еден архитект-плејбој, кој ја нашол формулата за совршен живот. Имено, неговата замисла тргнува од идејата да имаш три стјуардеси од различни авиокомпании, што ти овозможува да патуваш и секој втор ден да имаш различна свршеница. Интересна претстава која буди доста интерес кај широката публика.

Проект подржан од Градот Скопје, а во реализација на ЈУ Конгресен центар „Александра Македонски“- Скопје.