Ви ги најавуваме следните настани:
BLUES & SOUL FESTIVAL 2013
BLUES & SOUL FESTIVAL 2013

ПРОГРАМА:
20 септември, почеток 20:30 часот
Давид Нешкоски Трио - Македонија
Henrik Freischlader Band - Германија

21 септември, почеток 20:30 часот
Raphael Wressnig's Soul Gift Revue - Австрија
Deitra Farr - САД

22 септември, почеток 20:30 часот
Virgil & The Accelerators - Велика Британија
Давид Нешкоски Трио - Македонија
Давид Нешкоски е еден од најнадежните млади музичари во Македонија, гитарист со раскошен талент кој најповеќе доаѓа до израз во блуз и рок идиомот. Неодамна наполни 20 години, а веќе има постигнато запазен успех на сцените во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина... Некои познати музичари од странство пофално се изразија за квалитетите на младиот Давид и очекуваат тој наскоро да се појави на познати европски фестивали.
Деби албумот на Давид се здоби со одлични рецензии кои го потвдуваат талентот на младиот прилепчанец. Пред него е голема иднина, а времето ќе покаже кога тоа ќе се случи...
На фестивалот во Скопје Давид ќе настапи со своето трио, со репертоар во кој се застапени познати стандарди од репертоарот на Stevie Ray Vaughan, Jimi Hendrix , како и неколку теми од неговиот албум, а во најава е и учество на специјален гостин кој ке биде изненадување за публиката.
Најдоброто од Македонија!

Henrik Freischlader Band - Германија
Во моментот Henrik Freischlader Band ужива репутација како еден од најдобрите европски блуз состави чии концерти го потврдуваат тој статус. Со одлицен придружен состав на извонредни музичари Theofilos Fotiadis - бас гитара, Björn Krüger - тапани Fuhrhop - Hemond органа, Henrik денес е респектабилно име на музичката сцена на Европа. Неговиот квалитет како гитарист и автор на музика одамна ги надминаа границите на Германија, а тоа го потврдуваат безбројните настапи во текот на годината. Музичкиот израз на Henrik може да се окарактеризира како "блуз рок", но во него се чувствува и влијание на старите блуз мајстори. Неговиот пат кон врвот на сцената започна во 2006 кога со својот состав беше гостин на европската турнеја на Joe Bonamassa. Потоа се редеа големи концерти на кои тој ја делеше сцената со имиња како B.B.King, Peter Green, Gary Moore, Johnny Winter и многу други. Во 2011 и 2013 бесе номиниран во British Blues Awards што секако е признание за еден германски блуз музичар!
Во Скопје Henrik ќе го промовира својот најнов албум кој веќе се здоби со одлични рецензии, што е само потврда за каков музичар станува збор и е најдобра препорака да се дојде на неговиот настап!

 

Deitra Farr - САД
Deitra Farr се смета како една од најдобрите Чикаго блуес вокалистки кои одат по стапките на легендарната кралица на блузот Koko Taylor. Со многу номинации за најдобар блуз уметник (W.C.Handy Awards, Living Blues Awards, British Blues Connection Awards, Les Trophees France Blues...) Deitra Farr денес претставува вистинска блуз примадона која заслузува респект. Прочуениот блуз магазин "Blues Access" вели: "Доколку сте расположени за вистински блуз пејач, Deitra Farr е ваш избор." Настапуваше како членка на Sam Lay Blues Band, неколку години во составот Mississippi Heat, беше членка на The Women Of Chicago Blues Project со Zora Young и Grana Louise, а во текот на соло кариерата сними неколку самостојни албуми кои придонесоа кон нејзината репутација што ја ужива кај колегите музичари и, се разбира, кај публиката. Сеуште се прераскажуваат нејзините турнеи и настапи со Bobby Parker, Jody Williams I Lil' Red & The Blues Imperials. Лјубителите на блузот во Европа во неколку наврати имаат можност да се уверат во квалитетите на Deitra Farr, а годинава таа можност ке ја имаат и љубителите на блузот во Македонија. На концерот во Скопје таа ке биде придружена од составот на Raphael Wressnig, уште една причина да се биде присатен!

 

Raphael Wressnig's Soul Gift Revue - Австрија
Raphael Wressnig's е еден од најпознатите експоненти на Hammond органа кои настапуваат на европската музичка сцена. Неговиот состав го сочинуваат врвни музичари со кои што ќе се претстави и пред скопската публика. Гитаристот Alex Schultz е познато американско име кое се појавува на многубројни изданија на најпознатите блуз масјтори во САД и Европа као Rod Piazza, William Clarke, Jimmy Rogers, James Cotton и други. Raphael Wressnig со својот состав исполнува атрактивен ритам и блуз со елементи на фанк и џез во кој доаѓа до израз неговата виртуозност на Hammond органа. Редовен гостин е на најпознати американски и европски блуз фестивали. Во текот на кариерата настапувасе со иминја како Phil Guy, Louisiana Red, Larry Garner, Sugar Blue, John Mooney, Steve James, Matthew Skoller, Deitra Farr, Zora Young, Billy Flynn, Sharrie Williams, како и со некои познати џез музичари од калибарот на Horacio "El Negro", Craig Handy, Jim Mullen, Pete York и други. Во Скопје, во вториот дел од концерот, Raphael Wressnig's Soul Gift Revue ќе ја придружува легендарната вокалистка од Чикаго, Deitra Farr, уште една прицина да се биде присатен во Универзална сала!

 
Virgil & The Accelerators - Велика Британија
Најновата сензација на британската блуз сцена се вика Virgil & The Accelerators! Тамошните музичките експерти го споредуваат составот со имињата како Free, Bad Company кои оставија голем белег во историјата на британскиот блуз, секако комплимент кој може да се заслужи само со исклучителен квалитет. Ако се спомне фактот дека тапанарот има 20 години, а гитаристот само две повеќе, тогаш претставата за овој надежен состав добива нова димензија. Составот го сочинуваат гитаристот Virgil McMahon, неговиот помал брат Gabriel е на тапани, додека басистот е Jack Timmis. На таа возраст настапија како гости на концертите на Michael Schenker, Uriah Heep, Johnny Winter и други реномирани рокери и блузери, што секако зборува за квалитетот на составот. Virgil во последниве години редовно е номиниран за најдобар британски гитарист во различни анкети на британските блуз списанија, а двата снимени албуми се при врвот на британските топ листи на блузот. Нивниот последен албум со ДВД е снимен во легендарниот клуб на Jim Marshall, човек кој создаде појачала кои носат негово име, а на кои е испишана историја на блузот и рокот (Jimi Hendrix и бескрајно долга листа на други музичари). Ова е убава можност да се видат во живо во Скопје, додека се уште се на почетокот...потоа ќе бидат мега ѕвезди кои тешко ќе се донесат повторно!