Ви ги најавуваме следните настани:
Ние сме најдобри – средношколска забава на Плоштад

„Ние сме најдобри“ – средношколска забава на Плоштад
 

 
„Скопски летен ритам“ во полн ек ги исполни очекувањата на публиката, посетителите и граѓаните на нашиот Град. Со завршетокот на летото, со позитивни импресии ја затвараме програмата на Проектот и музичките настапи на Плоштадите. Овонеделните активности од музичкиот хепенинг во рамките на Проектот им ги препуштивме на средношколците, кои во Петок со почеток во 19:30 часот на Плоштадот ВМРО ќе  приредат голема средношколска забава, во рамките на „Ние сме најдобри 2016“ која што претставува голема културно-уметничка и едукативна иницијатива подржана од Градот Скопје.

Во рамките на „Ние сме најдобри 2016“ ќе настапат:
Бендот „Михајло Пупин“ од истоименото Средно Училиште, кои ќе изведат познати поп нумери и народни мелодии. Членовите на бендот се Ѓорѓи Трпковски (гитара), Стојан Рајчин (хармоника), Никола Миленковски (тапани), Александар Соколчевски (гитара), Стефан Грујовски (соло) и Џесика Јовановска (соло). По нив ќе настапи Средното Училиште „Здравко Цветковски“ со својот бенд во состав од 15 ученика. Солисти се Јулија Новакоска (вокал и гитара) и Марија Стризлоска (вокал). Бендот ќе изведе поп/рок композиции во продружба на гитара и хор.
Со почеток во 20:30 часот, е предвиден настапот на Средното Училиште „Р.Ј.Корчагин“, со веќе познатите „Акустик Дивижн“,бенд кој дебитира на македонската сцена со песната „Без тебе“. Бендот го сочинуваат, Бојан Галевски (гитара), Коста Бинов (вокал) и Марио Кузев (кахон). Акустик Дивижн се редовно присутни на забавите низ ноќните клубови во Скопје, но и редовно настапуваат како придружен бенд на поп-пејачот Влатко Илиевски. За крај е предвиден настапот на Средното Училиште „Браќа Миладиновци“ со истоимениот бенд, основан 2014 година, а ќе настапат со познати поп/рок хитови, но и преработки на народни песни.

Проектот е релаизиран од ЈУ Конгресен центар „Александран Македонски“ – Скопје, а подржан од Град Скопје.