Ви ги најавуваме следните настани:
Најава на деветтото издание на МАРС 2016

Најава на деветтото издание на МАРС2016
 

 

Македонскиот радиски фестивал МАРС 2016 ќе се одржи на 21 ноември, вторник,  во Македонската опера и балет (МОБ). Финансиски  поддржан од град Скопје МАРС и понатаму останува парада на најпопуларните македонски музички ѕвезди и ревија на најслушаните хитови во тековната година. Затоа МАРС важи за  македонски музички „all stars“.

Изборот на најпопуларните годинешни радиохитови (оние кои тоа биле до забраната на ЗАМПза емитување македонска музика) како и досега ќе биде добиен по пат на селекција од 4о-ина локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. Избраните 15 највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2016.

Македонскиот радиски фестивал МАРС 2016 чиј продуцент и организатор од самото негово основање е КЦ „Александар Македонски“ и годинава ги задржа истите правила на селектирање на песните и ја продолжи востановената концепција на гласање и наградување на победниците.

Новиот содржински дизајн на фестивалот  подразбира дека секој од учесниците на финалната вечер ќе  добие една или неколку различни награди во повеќе категории како што се: Поп, Рок или Ар-ен-би и Рап хит на годината, хит испеан од Женски вокал, од Машки вокал или од Група, Балада на годината, а тука се и категориите како Случајни партнери ( дует), Апсолутен радиски или ФМ хит (песна која ќе има најголем број гласови од радиостаниците), наградата Фестивалски асови ( најпопуларен победничка фестивалски хит), Хит по избор на публиката (која ќе може да гласа преку Фан страницата на МАРС 2016 на Фејсбук), додека  за најдобриот текст на песна повторно ќе одлучуваат естрадните и музичките новинари од печатените медиуми и интернет порталите. За Ѕвезда што се раѓа ќе биде прогласено едно младо музичко име кое имало најголем напредок во кариерата во тековната 2016 година.
Трајните вредности ќе им бидат доделени на изведувачот кој се уште е активен а е македонска музичка легенда, и конечно наградите за Најпопуларна регионална ѕвезда ќе отиде кај некои големи  музички имиња од регионот кои ќе бидат и специјални гости на МАРС 2016.

Тамара Мицевска(19) од Скопје е новото заштитно лице МАРС 2016, која е избрана на конкурс.
Тамара ќе се најде на сите материјали за промоција на Фестивалот. (билборди, ситилајти, банери, плакати, флаери).

Домаќини на деветтото фестивалско издание на МАРС 2016 и овој пат ќе бидат  актуелни и популарни водителски ТВ имиња.

Изгледот на сцената, специјално подготвениот “front & backstage” во кој ќе бидат сместени изведувачите, редоследот на песните како и сите останати детали и поединости врзани со одржувањето на деветтиот Македонски радиски фестивал МАРС 2016 ќе бидат соопштени на двете прес -конфернции – едната во првата седмица на месец ноември, а втората на денот на одржувањето на фестивалот – 21 ноември 2016 година во МОБ.