Ви ги најавуваме следните настани:
Деветти Македонски Радиски Фестивал 2016

 

Овогодинешното издание на Македонскиот Радиски Фестивал помина во пријатна и опуштена атмосфера на различна локација од досегашните изданиа. Фестивалот се реализираше во ново адаптираната сцена на Македонската Опера и балет, каде присутните во салата имаа можност да ги проследат  најдобрите избрани Радиски хитови за оваа година.

На сцената настапија нашите македонски пејачи, кои со себе ги понесоа следниве награди:

Ѕвезда што се раѓа - ЕЛЕНА МИЛЕНКОВСКА (Ти ми рече не )

Најнаградувана Фестивалска песна - ПЕПА ДИМИТРОВА (Барем јави се)

Поп рок хит - ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ (Македонка)

Ар Ен Би хит и  Хит изведен од група -ДНК (Само таа знае како)

Радиски хит изведен од женски вокал - НАТАША МАЛИНКОВА (Само мој)

Радиски Поп хит - ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ (Бомбона)

Радиска балада - МАГДАЛЕНА ЦВЕТКОВСКА-ЕНА ( Плачат и најсилни)

Радиски хит изведен од машки вокал и Хит по избор на публиката - АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ (Дал има)

Апсолутен радиски хит, Партнерство за хит и Најдобар текст на песна - ЕЛЕНА РИСТЕСКА & ПАНЧО (Како да се радувам)

Специјалното признание за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија сиве овоие години нананзад, Македонскиот Радиски фестивал МАРС 2016 ја доделува на една македонска музичка легенда,   Џина Папас Џокси.

 

Специјални гости на вечерта беа двете гостинки од Србија кои настапија во ревијалниот дел, Наташа Беквалац и Гоца Тржан кои заминаа со позитивни импресии од фестивалските случувања.

 

Фондот на награди годинава беше зголемен за 20%, па така изведувачите чија песна е прогласена за апсолутен радиски хит на 2016 година ( Како да се радувам?- Елена Ристеска и Панчо) добива парична награда од 72.000 денари.

Изведувачот на песната која  добила најмногу лајкови од фановите на Фејсбук фан страницата на МАРС 2016 како нивен избор ( Дал има? - Александар Тарабунов) доби награда од 36.000 денари.

Како трето наградена, награда во вредност од 18.000 денари за која традиционално одлучуваат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и интернет портали во Македонија, ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни (Како да се радувам?- Елена Ристеска и Панчо).

 

Настапувачите се закитија ѝ со статуетки специјално исготвени за секое ново издание на МАРС, како и подароци од спонзорите на овогодинешното издание, пакет поклон од АВОН и подароци од Боути Репаблик, додека Oxette подготви еклузивни подароци за двете гостинки од Србија.

Сите изведувачи покрај бронзените статуетки и материјалните подароци од спонзорите добија и по 12.000 денари во вид на парична награда од организаторот.

 

Водител на Фестивалот беше прекрасната Слободанка Илиева, облечена во креација на Кокев, а носеше накит на Oxette. Во дополнување на водителското сценарио, со повремени јавувања од бекстејџ се вклучуваше Марина Костова.

Фестивалот медиумски ексклузивно беше покриен од Македоснката радио телевизија, но заради забраните на ЗАМП за прв пат не беше пренесуван во живо, а ќе се емитува наскоро на некои од своите програми.

 

Македоснки Радиски Фестивал по деветти пат се реализира во организација на ЈУ, Конгресен центар „Александар Македонски"- Скопје, а покровител на Фестивалот е Град Скопје.