Ви ги најавуваме следните настани:
ВКЛУЧЕНА ЦЕНТРАЛНАТА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА

Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера /02.12.2016 година, петок/ беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на  Плоштадот „Македонија“.
Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и  светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.
Годинава за првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.
Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.
Во најава е Новогодишниот Базар кој ќе се одвива на Централното градско подрачје, од Улица „Македонијја“ до Централниот Плоштад, во период од 24 до 31 Декември. Проект кој нуди богата новогодишна програма, новогодишен базар кој ќе се лоцира на Ул.„Македонија“, детско катче со многу забава за најмалите и афтер-ворк/ попладневна секојдневна забава со богата музичка програма. Проектот е на Градот Скопје, а во реализација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“- Скопје.