Ви ги најавуваме следните настани:
Божиќен базар - Подари Среќа

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Радио реклама

 

 

 

Град Скопје и оваа година подготви интересни содржини во предновогодишниот период и за дочекот на Новата Година. Со оваа иницијатива сакаме да ги информираме граѓаните на Скопје,  да се запознаат со предновогодишните случувања во Градот и  заедно да ја споделиме новогодишната магија. .

Во рамките на Програмата предвиден е новогодишен базар „Подари Среќа“ кој започнува на 24 Декември, за чија намена на Улицата „Македонија“ ќе бидат поставени новогодишно украсени куќарки каде ќе бидат присутни многубројни излагачи со рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади, греано вино, чај, храна и многу други новогодишни изненадувања.

Во недела на  25 Декември, традиционално како ѝ секоја година, ќе се одржи „Дедомразовска трка“ со почеток во 12 часот на Плоштадот „Македонија“.

За помладата публика во рамки на програмата е подготвена богата детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот на Плоштадот „Македонија“. Тие ќе можат да се радуваат на новогодишната парада, дефилето на Снежната кралица, настапите на Поточиња, Златно Славејче и детскиот хор при МОБ, претставата на Брашко, да се дружат со Петко и да се воодушевуваат на настапите на хоровите на распеаната елка. За повозрасните, секој ден од 16 до 22 часот, организаторите предвидуваат многубројни музички настапи за кои ќе бидат задолжени Back Door Band, Сара Мејс, Brass Brothers, Бета Хаус, Eye Que, Shine, Contrudj, Dj Mats, Dj Bobi, Dj Dela, Dj Branchez,  и Тумбао Салса Бенд.

Во пресрет на Нова Година на 31. Декември, Градот организира богата програма. Точно на пладне (12 часот) за најмалите ќе има магично појавување на Дедо Мраз, а вечерта е предвидена одлична музичка содржина со македонска музика,  многу познати  песни и рефрени. Ќе настапат Каролина Гочева, Слаткаристика, Миле Кузмановски и Адријан Гаџа. Забавата ќе биде придружувана традиционално со новогодишниот огномет.

Програма:

Сабота 24.12.2016
- 10.00 Пристигнување на Дедомразовци
- 10.30 Свечено отворање на Базарот
- 10.30 Новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица
- 11.00 Дружење со Петко
- 11.30 Настап на Поточиња
- 12.00 Детски игри (Не лути се човече, Сложувалки, Хулахопи)
- 12.30 Christmas mix со City Radio
- 17.00 Настап на детски хор Фалсето
- 18.30 Back Door Band
- 20.30 Sarah Mace

Недела 25.12.2016
- 10.00 Детски игри
- 10.30 Новогодишна парада
- 10.30 Зумба со Дедомразовци
- 12.00 Дедомразовска трка
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 17.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 17.30 Настап на пензионерски хор
- 18.00 Brass Brothers
- 20.00 Dj Branchez

Понеделник 26.12.2016

- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Претстава „Брашко“
- 11.00 Детски игри
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица
- 16.30 Beta House Band
- 18.30 Dj Синиша

Вторник 27.12.2016
- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Дружење со Петко
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 Мандолински оркестар
- 17.30 Настап на пензионерски хор „Елегија“
- 18.30 Градски дувачки оркестар
- 20.30 Dj Синиша

Среда 28.12.2016
- 10.00 Претстава „Брашко“
- 10.30 Детски игри
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 ContruDj
- 18.30 Dj Dela

Четврток 29.12.2016
- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Детски игри
- 12.30 Настап на Златно Славејче
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 Eye Que
- 18.30 Дамјан Пејчиновски
- 20.30 Dj Bobi

Петок 30.12.2016
- 10.00 Настап на Новогодишен оркестар
- 10.30 Детски игри
- 13.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 13.30 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Настап на пензионерски хор
- 16.30 Тајфата на Коки
- 18.00 Тамбураши
- 20.00 Тумбао Салса Бенд
- 22.00 Dj Mats

Сабота 31.12.2016
- 10.00 Претстава „Брашко“
- 10.30 Детски игри
- 10.30 Магично шоу со Кристијан
- 11.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 11.30 Дедо Мраз се приклучува на парадата
- 12.00 Дружење со Дедо Мраз и неговите помошници
- 12.30 Christmas mix со City Radio