Ви ги најавуваме следните настани:
Дедомразовска трка

 
 
Дедомразовска трка Скопје 2016

Овозможена и организирана од Градот Скопје, Coca-Cola, Конгресен центар Александар Македонски и Прв до врв.

Инфо за трката
Опис: Новогодишна трка во дедомразовски костуми
Датум: 25 декември 2016
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Време на стартот: 12 часот
Должина: 2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката

Пријавување
Цената за учество изнесува 200 денари.

Секој учесник добива дедомразовска капа и стартен број, а првите 300 пријавени учесници добиваат гратис костум составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

Сите учесници се потенцијални добитници на остварена новогодишна желба.

Програма
10 - 11 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
10 - 14 ч. Забавна програма за учесниците и публиката
11 ч. Загревање за трката
12 ч. Старт на трката
13 ч. Прогласување на победниците

Награден Фонд
Најдобрите тројца во машка и женска категорија освојуваат медали и подароци.

Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.
Секој учесник треба да биде облечен во дедомразовски костум или во облека со црвена боја. Првите 300 пријавени учесници добиваат гратис дедомразовски костум.

Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.

Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.
 
ПРИЈАВИ СЕ!