Ви ги најавуваме следните настани:
23.09-17
повеќе 

Скопски летен ритам

20.09-23.09-2017

Улица Македонија трансформирана во магично катче

Скопје, (23.12.2016) Улица Македонија од 24ти декември, по повод 8 дневниот Новогодишен базар „Подари среќа“ се трансформира во простор исполнет со магија и воодушевување. Базарот ќе се отвори на 24ти во 17.30 часот и ќе трае до 31ви декември со пристигнувањето на Дедо Мраз во центарот на Град Скопје. Истиот е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.

Улица Македонија овие денови ќе биде место украсено и исполнето со божиќен и новогодишен амбиент, а дополнителната содржина, каде посетителите ќе можат да купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи ќе биде само момент плус кој ќе го разбуди празничниот дух кај секого.

Новогодишниот базар вклучува и програма која носи голема радост на најмалите секој ден од 10.00 до 13.00 часот. За нив е организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, претставата Брашко, дружење со Петко и магични настапи. Најголемото изненадување и најмногу радост на најмалите ќе им донесат интересните детски игри лоцирани во детското катче кое на дневно ниво има интересна и богата програма. 

За забавниот дел, првиот ден со почеток во 18.30 часот ќе се погрижат Back Door Band и Sarah Mace. After-work забавите ќе бидат организирани секој работен ден во попладневните часови и ќе траат до 22.00 часот. За одличното расположение на посетителите во текот на целиот базар се организирани настапи на ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и многу други познати македонски Ди Џеи. Сите забави ќе бидат надополнети со одлично греено вино, пиво, топли пијалоци и храна.

На 25ти декември со почеток во 12.00 часот трета година по ред ќе се одржи  Дедомразовската трка во организација на „Прв до врв“. Се очекува над 500 учесници да се натпреваруваат на патеката долга 2 километри.

Град Скопје ги поканува сите граѓани да го посетат базарот, да им подарат среќа на најблиските и пријателите и да уживаат во богатата програма.