Ви ги најавуваме следните настани:
МАРС 2013
На 26 ноември во Универзална сала-Скопје ќе се се одржи шестото издание на Македонкиот радиски фестивал


МАРС 2013 СО СОДРЖИНСКИ РЕДИЗАЈН

МАРС 2013 и понатаму останува ревија на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат парада на најслушаните хитови во 2013 година. Затоа МАРС важи за македонски музики "all stars".
Шестото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 годинава ќе се одржи на 26 ноември во Универзална сала - Скопје. Фестивалот и годанава е финансиски е поддржан од град Скопје.
Изборот на најпопуларните годинешни радиохитови како и до сега ќе биде добиен по пат на селекција од 45 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2013 која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на националниот РТВ сервис - МРТВ. Листата на избраните ќе се знае во почетокот на следниот месец кога ќе се сумираат резултатите на пристигнатите гласови од македонските радиостаници.
Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 чиј продуцент и организатор од самото негово основање е ЈУ Центар за организирање приредби Универзална сала-Скопје, годинава ги задржа правилата на селектирање на песните, но сосема ја промени концепцијата на гласање и наградување на победниците. Новиот содржински редизајн на фестивалот наместо вообичаеното прво, второ, трето... место, носи категоризација на наградите што подразбира дека секој од 15-те учесници на финалната вечер ќе може да добие една или неколку различни награди во повеќе категории како што се Поп, Рок или Ар-ен-би и Рап хит на годината, хит испеан од Женски вокал, од Машки вокал или од Група, Баладана годината..., а тука се и категориите како Случајни партнери ( дует партнерство за хит), Апсолутен радиски или ФМ хит (ќе биде онаа песна која ќе има најголем број гласови од радиостаниците), хит по избор на публиката ( која ќе може да гласа преку Фан страницата на МАРС 2013 на Фејсбук),за најдобриот Текст на песна повторно ќе одлучуваат естрадните и музичките новинари од печатените медиуми и интернет порталите, додека за Ѕвезда што се раѓа ќе биде прогласено едно младо музичко име кое имало најголем напредок во кариерат во 2013 година.
Трајните вредности ќе им бидат доделини на изведувачот или групата која имаат отпеано еден македонски евергрин, и конечно наградите за Ѕвезди од соседството чии песни биле најпопуларни во македонскиот радиоетер во тековната година ќе отидат кај две големи музички имиња од територијата на бившите ЈУ простори кои ќе бидат и специјални гости на МАРС 2013.
Годинава тоа се една од најсексипилните и најпопуларни хрватски поп пејачки, и ултрапопуларниот музичар, композитор, текстописец, продуцент и пејач од Белград, кои со своето присуство и настапи ќе ја збогатат програмата и ќе го подигнат рејтингот и реномето на фестивалот.
Домаќини на петтото фестивалско изданиена МАРС 2013 и овој пат ќе бидат две актуелни и популарни водителски ТВ ѕвезди. Изгледот на сцената, специјално подготвениот "frontstage" во кој ќе бидат сметсени изведувачите, редоследот на песните како и сите останати детали и поединости врзани со одржувањето на шестиот македонски радиски фестивал МАРС 2013 ќе бидат соопштени на двете Прес конфернции - едната во првата седмица на месец ноември, а втората на денот на одржувањето на фестивалот.

ВЛАДО ГЕОРГИЕВ И ЈЕЛЕНА РОЗГА - СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ НА МАРС 2013

Шестото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 годинава ќе се одржи на 26 ноември во Универзална сала -Скопје која традиционално и овој пат се јавува како продуцент и организатор на фестивалот, кој финансиски е поддржан од град Скопје. Селекцијата на најпопуларните годинешни радиохитови како и до сега ја вршат 45 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија, а 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2013 која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на националниот сервис - МРТВ. И додека радиостаниците ги праќаат своите листи за конечната да се знае во почетокот на месец ноември кога ќе се сумираат резултатите на пристигнатите гласови, организаторот наголемо ги прави финалните фестивалски подготовки. Така, покрај македонската музичка елита и годинава на МАРС 2013 ќе настапат две големи музички имиња од територијата на бившите ЈУ простори кои ќе бидат и специјални гости на Македонскиот радиски фестивал.


Наградите за Ѕвезди од соседството чии песни биле најпопуларни во македонскиот радиоетер во тековната година и овој пат ќе отидат кај две големи музички имиња. Првата е една од најпознатите и најпопуларни хрватски поп пејачки, некогашниот вокал на групата Магазин, која сега има успешна соло кариера, сексипилната Јелена Розга, чии последни песни Она или ја, Карантена, Соло играчица, Нирвана, Обожавам... годинава беа големи радиски хитови на на бившите ЈУ простори и секако кај нас. Другиот е ултрапопуларниот музичар, композитор, текстописец, продуцент и пејач од Белград, Владо Георгиев, чии хитови од новиот албум Далечина кој се појави во почетокот на месец јуни годинава, буквално ги преокупираат радиофреквенциите и не се симнуваат од програмата на стотици радиостаници во сите бивши ЈУ републики, меѓу кои се и оние од македонскиот радиоетер. Јелена Розга и Владо Георгиев специјално ќе допатуваат во Скопје за да ги примат наградите на МАРС 2013, а со своето присуство и настапи тие ќе ја збогатат програмата, зголемат рејтингот и ќе го подигнат реномето на шестото издание на Македонскиот радиски фестивал кој и понатаму останува ревија на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат парада на најслушаните хитови во 2013 година. Затоа МАРС важи за македонски музички "all stars".