Ви ги најавуваме следните настани:
Улични музичари и артисти

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Реализација на проектот „Улични музичари и артисти“

  ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје, и оваа година по шестти пат го реализира проектот „Улични музичари и артисти“. Проектот започна во тeкот на месец мај и ќе трае се до крајот на декември. Самиот проект се реализира во централното градско подрачје, на различни локации на централните плоштади и Градскиот Трговски Центар. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Град Скопје.

  Во проектот учествуваат вкупно 83 изведувачи, кои имаат потпишано договори на три односно пет месеци со ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“- Скопје, а аплицирале и се избрани на јавен повик во април годинава. Помеѓу избраните има учесници од различна генерациска покриеност, кои музицираат различна стилска и жанровска музика, поп, рок, класична, комерцијална музика, но и домашна и странска музика. Оваа година проектот го сочинуваат 11 солисти, 8 дуети и 14 групи во најразличен состав користејќи разни музички инструмент, а не ретко и во продружба на соло вокалисти но и инструментални музички изведби. Интересот за учество во ваков проект е голем, воден од различни мотиви, но кај сите се појавува огромна насмевка и задоволства на лицата кога некој од минувачите ќе застане, ужива во нивната изведба, па дури и остави бакшиш. Изведувачите во рамките на својот месечен распоред, претежно настапуваат во пладневните и приквечерните часови на денот, а со нивните настапи се покриваат преку 200 месечни изведби од проектот „Улични музичари и артисти“.

  Програмата е наменета за граѓаните, посетителите и туристите на нашиот град. Целта на проектот е културно заживување на градот и задржување на една поинаква интерпретација на уличната уметност, во која може да ужива секој посетител. Ваквиот начин на изразување на уметноста има за цел промена на културниот дух и ритам, доближувајќи го Скопје рамо до рамо со сите светски метрополи, каде уличната уметност е во огромен подем веќе со децении наназад.

  Во текот на летото и топлите жешки денови, во рамкте на овој проектот, се започна со реализација на многубројни настапи на поп и рок групи на централниот плоштад „Македонија“за време на викендите, петок и сабота, со почеток во 20 часот. Овие настапи се реализираат од групи во мешан состав чија цел е да ги разбудат и  раздвижат скопјани, давајќи им можност за забава и поинаква алтернатива во летните жешки вечери. Свирките ќе прозвучат во поп, рок и електро ритам, како и комерцијални музика, а се реализирани од музички групи добро познати на публиката од настапите низ кафулињата и дискотеките, како и фестивлите во земјава.