Ви ги најавуваме следните настани:
ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2013

23 ноември 2013 година
Универзална сала - Скопје


„ЗЕМИ ЗДИВ, ЗАИГРАЈ"
Концерт на КУД „Илинден" - Битола
Специјални гости: Виолета Томовска, Вера Милошевска и
Групата „Фонтана"

На овој концерт едно од најдобрите и најстари културно уметнички друштва во Република Македонија пред скопската публика ќе се претстави со најтрактивниот дел од својот богат реперотар кој опфаќа како традиционални игри и песни така и обработени содржини како: „Тешкото", „Чифте чамче", „Копачка", „Русалиски ора", „Тресеница", „Игри од Битолско", „Преспа", „Моштенски собор"...
Покрај играорците и оркестарот на КУД "Илинден" како специјални гости ќе настапат долгогодишните пријатели и соработници на овој ансамбл Виолета Томовска, Вера Милошевска и групата „Фонтана".