Ви ги најавуваме следните настани:
Фолк фест Роса 2013
РАДИО РОСА во ноември 2013 година ќе одбележи 20 години постоење во македоскиот етер.
Манифестацијата ќе се одржи под мотото:
20 години РАДИО РОСА „безрезервен труд за одржување
и промовирање на македонските вредности,
народната песна, култура и традиција"

По повод одбележувањето на јубилејот, на фестивалот ќе настапат најдобрите изведувачи на македонската народна песна.
Оваа година ФОЛК ФЕСТ РОСА го оддржува четиринаесеттото издание. ФОЛК ФЕСТ РОСА како културен настан е еден од најзабележаните во Македонија и како и секоја година ќе биде пренесуван директно на една од националните телевизии како и на нивните сателитски канали. Оваа година добитници на наградата за животно дело се естрадните легенди:
Ефто Пупиновски, Војо Стојановски и Благица Павловска. Петок - 29 ноември 2013г.
Универзална Сала Скопје. 20,30ч.