Ви ги најавуваме следните настани:
Инфо млади @ креативни - 2017

Проектот  ,,Инфо млади @ креативни,,  е под покровителство на Град Скопје, а во организација и реализација на ЈУ КЦ Александар Македонски во соработка со средните училишта во Град Скопје, а има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал.
Во текот на годините , сведоци сме на бројни настани од областа на културата и уметноста кои секако го заслужуваат вниманието на публиката а особено од средношколската која во последните години за жал станува се повеќе инертна во однос на директно вклучување на овие настани и најчесто неизиното учество се сведува во мал процент во улога на можна публика.
Креативноста е неодвоива од човековото битие и без неа нема иновативност,развој ниту пак високо додадена вредност.
Токму поради тоа овој проект има за цел да ги интегрира учениците од средните училишта и интерактивно да ги вклучи во предавањата и работилниците кои ќе бидат водени од стручни лица и експерти, да се стекнат со занење и вештини, но истовремено и да ги поттикне нивните организаторски способности со што ќе придонесе за подигање на свеста кај средношколците.
Сите ученици учесници во работилниците ќе добијат сертификати за учество, а изработените производи од сите работилници ќе бидат претставени на Фестивалот на Креативни Индустрии-,,Скопје Креатива 2017”
Во тек е реализација на проектот во кој се опфатени следницве средни училишта:

СУГС Владо Тасевски со работилница на тема ,,Изработка на лантерни од рачно изработена хартија,медиум целулоза” ...

СУГС Кочо Рацин со работилница на тема ,,Моден дизајн и моделирање” ...


СУГС  Јосип Броз Тито со работилница на тема ,,Работилницата за графички дизајн, изразување со помош на плакати,, ...

Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство –ФИНКИ ќе одржи работилници и предавања на тема ,,Работилница за изработка на 3Д видео анимација”...

Поради зголемен интерес оваа работилница ќе опфати ученици од повеќе Средни Училишта на Град Скопје кои можат да се пријават на следниов линк >>>