Ви ги најавуваме следните настани:
АПЛАУЗИ
Светски ден на лицата со хендикеп

Светскиот ден на лицата со хендикеп - 3 декември, беше одбележан со хуманитарен концерт „Аплаузи" под мотото „Сакам да пеам можам да пеам - сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм" на 3 декември 2013, во Универзалната сала.
Концертот е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски" во партнерство со Универзална сала, а настапија деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на вториот хуманитарен концерт „Аплаузи" е Г-ѓа Маја Иванова, сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја. 
Покрај децата од специјалните установи настапија и познати музички имиња, а концертот го отвори почесниот претседател на здружението - Есма Реџепова.
- Пораката на оваа манифестација не е само да се одбележи денот и да се направи некаква донација, туку да се подигне нивото кај сите граѓани со пораката „Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет", рече Зорана Костовска, претседателот на Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски".
Со музички настапи и перформанси настапија деца од посебното основно училиште „Златан Сремац", Домот за деца без родители „11 Октомври", државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партение Зографски", специјалното училиште за деца со оштетен вид  „Димитар Влахов", специјалниот завод за деца и младинци „Иднина", органзиацијата за лица со хендикеп „Мобилност", Завод за рехабилитација за деца и младинци и специјалниот завод „Демир Капија".
Соберените средства од билетите се наменети за децата со посебни потреби од сите институции кои настапија.


  ГАЛЕРИЈА