Ви ги најавуваме следните настани:
МАРС 2017

 ГАЛЕРИЈА МАРС 2017
 

Eдна деценија од опстојувањето на Македински Радиски Фестивал  - МАРС 2017 година.
Под покровителство на Град Скопје, во организација и реализација на ЈУ КЦ  Александар Македонски и проект менаџерот Антонио Димитриевски, кои останаа  истрајни во идејата за поддршка на македонската музика, во просториите на
Македонска Опера и Балет - МОБ на 14.11.2017 се одржа јубилејното 10 то издание  на МАРС. Традиционално и оваа година беа избрани најпопуларните радиски хитови  на годината.
Најслушани нумери од селектираните 12 категории беа следните :

1.АЊА ВЕТЕРОВА – „Рам Бам Бам“ – (Ѕвезда што се раѓа)

2.ДИМИТАР И ТАЈФАТА – „Остани“ – (Радиски Хит со Етно Мотиви)

3.САРА МЕЈС –„Небо“ – (Радиски Диско хит)

4.ВИКТОРИЈА ЛОБА – „Дојди“ – (Радиски Поп хит)

5.ДНК – „Невозможна мисија“ – (Ар Ен Би хит)

6.КРИСТИНА АРНАУДОВА – „Љубена“ – ( Најдобта Радиска балада)

7.ТЕА И ПАНЧО – „Рушевини“ – (Партнерство за Хит)

8. АЈ КЈУ – „Мојот крал“ – (Радиски Хит изведен од група)

9.НАТАША МАЛИНКОВА – „Хеј мама“ – (Радиски Хит изведен од женски вокал)

10.ЛОЗАНО – „Ова лето ќе се памти“ – (Радиски хит изведен од машки вокал + Апсолутен радиски хит+ Најдобар текст на песна)

11.НЕКСТ ТАЈМ – „Слушам кај шумат шумите“ – (Најдобра преработка)

12.МЕМОРИЈА – (Награда за трајни  вредности)