Ви ги најавуваме следните настани:
Skopje Street Music Festival

Почитувани,

Во периодот од 21 до 24 јуни оваа година во Скопје ќе се одржи првиот Фестивал на улични музичари "Skopje Street Music Festival". Во четирите дена на шест различни локации, жителите на главниот град, како и сите добронамерници што ќе поминат низ него ќе имаат можност да слушнат различна музика изведена од врвни музичари, но и од аматери.

Во тек е конкурсот за пријавување на заинтересираните соло музичари, музички групи и улични артисти и истиот трае до 23 мај 2018. Повеќе информации и апликацијата може да се најдат на официјалната страница http://skopjestreetmusicfestival.com.

Во прилог на оваа порака може да ги најдете информациите за фестивалот и конкурсот.

За сите други прашања контактирајте со Елена Јовановски, координатор на проектот, на тел: 070/238-980 или на info@skopjestreetmusicfestival.com.

Со почит,

Елена Јовановски