Ви ги најавуваме следните настани:
ИГРА

По освоената награда за најдобра претстава со невербална комуникација на интернационалниот театарски фестивал „Театрален куфер" во Белорусија Минск, на барање на публиката претставата „ИГРА" од Данил Хармс во режија на Игор Ивковиќ, повторно на репертоарот на Универзална сала Скопје. Терминот за изведба на претставата е закажан за 11 Декември 2013 со почеток во 20:00ч.Билетите за претставата може да ги набавите по цена од 200 денари на билетарата на Универзална сала Скопје или со резервација на следниов телефонски број 070/991-961.

Повелете и бидете и Вие дел од ова несекојдневно театарско уживање !