Ви ги најавуваме следните настани:
БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ 2014

Универзална сала - Скопје и Камерниот оркестар Скопски солисти од Скопје под раководство на проф.М-р Васил Атанасов и оваа година, веќе традиционално како и изминатите години, е организатор и координатор на активностите за традиционалниот Божиќен концерт кој ќе се одржи во Универзална сала - Скопје, на ден 08-ми Јануари 2014 година, со почеток во 20.00 часот.

Програмата ќе биде реализирана со настап на нашата позната примадона Весна Гиновска - Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, Хорското студио Рустико, а под диригентската палка на маестро Андреј Андреев, познат бугарски диригент.

На посетителите ќе уживаат со музиката од познати автори и нивните дела, во програмата ќе се изведуваат дела на Vivaldi, G.F.Händel, W.A.Mozart, P.I.Tchaikowsky, Zaprov и Bartok.

Како и изминатите години се очекува концертот да предизвика големо внимание кај Македонската музичка публика љубители на класичната музика и Универзалната сала ќе биде исполнета до последното место.


  ГАЛЕРИЈА