Ви ги најавуваме следните настани:
УМРИ МУШКИ
Продукцијата Дел Рио Филмс и оваа година продожува со организирање на големи стенд ап настани.Така на 02.02.2014(недела) во Универзалната сала во Скопје ќе се случи големиот стенд ап спектакл УМРИ МУШКИ 2014-та со учество на Весна Бејби Петрушевска, Бојан Велевски, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Никола Тодороски, и ексклузивните гости од Хрватска Марина Орсаг и Домагој Пинтарич.

СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА Е НАЈУСПЕШНИОТ НЕЗАВИСЕН ПРОЕКТ ВО ИЗМИНАТИТЕ ТРИ ГОДИНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД НИЕДНА ИНСТИТУИЦИЈА САМОСТОЈНО ДОСЕГА СЕ РЕАЛИЗИРАНИ 13 ПРЕТСТАВИ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА НА КОИ ПРИСУСТВУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 000 ЛУЃЕ, А НИЗ МАКЕДОНИЈА ГОСТУВАЛЕ ИГРАЛЕ ДЕСЕТИНА ПАТИ И ГИ ВИДЕЛЕ ОКОЛУ 10 000 ЛУЃЕ. НИВНИТЕ ПРЕТСТАВИ НА МАХ ТВ ГИ ГЛЕДАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 30 000 ЛУЃЕ.

СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА Е СВОЕВИДЕН МАКЕДОНСКИ ФЕНОМЕН СО 8 ПРЕМИЕРИ НА КОИ МОЖАТ ДА ИМ ПОЗАВИДАТ И ДРЖАВНИТЕ ТЕТРИ.

САМО СКОПЈЕ НА БАЛКАНОТ ГО ИМА НАЈГОЛЕМИОТ СТЕНД АП СПЕКТАКЛ ШТО СЕ ОДРЖУВА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ 2 ФЕВРУАРИ!

СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА ВО СТЕНД АП ДЕМОКРАТСКИ ДУХ ВЕ ПОВИКУВА НА НЕВЕРОЈАТЕН ФЕСТИВАЛ НА СТЕНД АП-ОТ НА ТЕМА СЕКС, ДВОСЕКС, ТРОСЕКС, ОРГИИ, ХОМО, ОМО НА ОМО, ЕУСЕКС, НАТОСЕКС, ЛЕЗБИ, ФРИЗБИ, СТРЕЈТ, БЛОУ, И ОСТАНАТИ РЕЛИГИОЗНИ ТЕМИ НЕОПФАТЕНИ СО ЗАКОНОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ.

НА ИСТИОТ ДЕН ЌЕ СЕ ОДРЖИ И ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ ХИТ НА СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА ВО ИЗВЕДБА НА ГОРАН ЧУМЛИЕВСКИ -ЈАПАН "МАЛА ГРУПА. . . . А КУЌА ГОЛЕМА".



  ГАЛЕРИЈА