Ви ги најавуваме следните настани:
ГОЦЕ ФЕСТ 2014
Фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни, ГОЦЕ ФЕСТ, се одржува традиционално во чест на 4- ти февруари- денот на раѓањето на Гоце Делчев. Оваа година Фестивалот го одбележува своето јубилејно, 25- то издание.

Во изминатите 25 години, на сцената на ГОЦЕ ФЕСТ љубителите на патриотската песна имаа можност да проследат околу 700- тини новосоздадени песни со родољубива и патриотска содржина, од кои најголемиот дел се широко прифатени и веќе обнародени.