Ви ги најавуваме следните настани:
ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА

Во пресрет на празникот 8 Март - денот на жената, Детски културен центар "Карпош",традиционално ќе го одбележи денот ,со пригодна програма која ќе се оддржи во Универзална сала на 6 март 2014 год. од 19,00 часот.
ДКЦ "Карпош",ќе се претстави со годишен фолклорен концерт ,"ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА".
ДКЦ " Карпош" ,со фолклорната секција, како верен чувар и продолжувач на македонскиот фолклор и традиција, претставени преку песната и орото, се изведува пред сите љубители на македонската фолклорна ризница како и пред нивните родителите . На концерото ќе учествуваат повеќе од 300 деца, членови на фолклорната секција на ДКЦ "Карпош", на возраст од 5 до 19 години.

  ГАЛЕРИЈА