Ви ги најавуваме следните настани:
СИНАТА ПТИЦА

„СИНАТА ПТИЦА" во продукција на ТЕАТАР 007 и Универзална сала Скопје локација: новата реновирана сцена на УНИВЕРЗАЛНА САЛА - СКОПЈЕ
16 март 2014 почеток 12:00 часот

„Сината птица" е единствената претстава во Македонија, која на сите деца без разлика на возраста им нуди едночасовна вистинска магија, на новата реновирана сцена на УНИВЕРЗАЛНА САЛА - СКОПЈЕ.
Преку двете дечиња Тилтил и Митила, претставени преку кукли, гледачите имаат можност да уживаат во најнеобичните предели на минатото, иднината, сегашноста, создадени со помош на флуоросцентната театарска техника, која е ретка и уникатна на овие простори.
„Сината птица" е претстава за сонот. Сон во кој преку двете дечиња: Тилтил и Митила се обидуваме да ги потенцираме човечките доблести: за пријателството, другарството, почитта кон постарите и хуманоста, наспроти лицемерието, злобата и љубомората, кои не се својствени за нас луѓето.
„Сината птица" е претстава во која говориме дека е убаво да се сонува. Сонувајќи, ние можеме да ги видиме и невидливите нешта... да видиме што се случува во Иднината или Минатото... да ги чуеме и видиме сите магични места и предели. Секако дека за тоа нам ни е потребна Сината птица, која верувале или не таа постои, во нашата имагинација, во нашите сеќавања. Таа е секогаш покрај нас, кога ние заспиваме... Сината птица е нашата водилка низ хуманоста, човечноста и успешноста... Со Сината птица ние сонуваме, а секој сон може да стане реалност. Важно е само цврсто да веруваме во него, за желбите да ни се исполнат.

автор: Морис Метерлинк
„СИНАТА ПТИЦА"
Адаптација: Тодор Кузманов

Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Музика: Гаврило Миловановиќ

Играат:
Влатко Толески (Сината птица)
Љупчо Бојковски (Дедото)
Филип Кипровски (Тилтил)
Јана Пауновска (Митила)
Борјана Атанасовска (Самовилата)
Ивана Велковска (Светлината)
Фаик Мефаиловски (Кучето)
Дарко Богески (Мачката)

Изработка на кукли: Зоран Јаневски и Венцо Димитров
Изработка на сценографија: Викторија Ланговска
Тон и светло мајстор: Симон Кипровски
Цена на билетот: 150 ден.