Ви ги најавуваме следните настани:
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

40 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, годинава има повеќе причини за задоволство и прославување. Неодамна тој го објави својот 32 албум „СЕИР” а оваа 2014 се одбележуваат и 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
По тој повод, на 28 март, во Универзална сала тој ќе одржи голем концерт кој ќе биде своевидна ретроспектива на неговата досегашна работа. Воедно, тоа ќе биде можност и за концертна промоција на новиот албум.
Покрај Влатко Стефановски, на концертот ќе настапат и неколку негови долгогодишни музички соработници и пријатели – Џибони, Раде Шербеџија, Бајага и Каролина.
Соработката на Влатко и најавените гости е добро позната на јавноста а нивното заедничко појавување на сцената секогаш било дочекано со овации.
Организаторите Баги Комуникации најавуваат концерт кој долго ќе се памети и кој ќе ја одбележи оваа концертна 2014 година!
Генерален Спонзор на јубилејниот концерт на Влатко Стефановски е
Комерцијална Банка АД Скопје.
  ГАЛЕРИЈА