Ви ги најавуваме следните настани:
ЗЛАТНА БУБАМАРА 2013

Најгледаниот и најпосакуваниот медиумско-музички културен настан „Златна бубамара напопуларноста 2013", како што најавуваат организаторите е закажан на 21 февруари во Универзална сала.
Манифестацијата која на свој начин го обединува целиот интелектуален, политички бизнис и културен свет се подготвува во весела атмосфера во штабот на популарното скопско Радио Бубамара, а од таму известуваат: Oдобрено е од власта, прифатено од опозицијата, а се случува за меракот на народот.
Оваа година бубамарковци во свој препознатлив сатиричен стил истакнуваат дека пред сите ќе даваат отчет за сработеното и дека годиneшното сценарио, кое како и секогаш се чува во најстрога тајност, е полно со аплаузи и незаборавни рефрени, за избистрување на мислата, просветлување на духот и облагородување на душата.
На 21 февруари ќе бидат наградени најпопуларните личности и институции од областа на културата, естрадата, медиумите, маркетнигот и спортот од Македонија и Балканот, а ќе продолжи и традицијата со доделување награда до најзаслужните општествено одговорни компании.