Ви ги најавуваме следните настани:
Детски Фестивал Улбери (Виножито)

12:00 и 18:00 часот

Детскиот фестивал Улбери оваа година слави (15) плодни успешни години.Како и секоја година на Фестивалот Улбери(Виножито) ќе се претстават на двете вечери 40 новокомпонирани детски песни за возраст од 5 до 14 години. На овој веке познат во повеќе држави реномиран фестивал ќе земат учество автори на музика, текст, кореографии и солисти од Р.Македонија а и од други држави како што се Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и др. држави од Балканско и Европско подрачје. Ќе има такмичарски карактер во двете вечери на 40 детски песни кои ке бидат интерпретирани на Албанскиот јазик. Представници од другите балкански земји ќе се претстават на свој јазик или по свој избор, како гости.